Кариера

4 начини да најдете мотивација кога ништо не ви се работи

Напишано од Mr. N

Дали имате денови кога не ви се работи апсолутно ништо? Треба да обавите важен телефонски разговор или да завршите некоја задача, а вие најмногу од се сакате да останете во креветот цел ден? Со што и да се занимавате, ќе наидете на ваков ден кога нема да можете да пронајдете мотивација за работа…

Сепак, постојат бројни начини да ги надминете таквите денови. Еве 4 можни начини повторно да пронајдете мотивација.

1. Откријте ги причините за ниска мотивација

Првиот чекор во зголемувањето на енергијата на повисоко ниво е пронаоѓање на причина. Ниската мотивација можеби е резултат на физичкиот замор, лошата исхрана или недоволниот сон, можеби малата плата, лошата работна средина….

2. Ако причината е од физичка природа – погрижете се за своето тело

Уморни сте? Наспијте се. Се чувствувате лошо? Вежбајте, шетајте, направете нешто за себе. Одалечете се од работното место и вдишете свеж воздух. Ниската енергија може да биде причина од недостатокот на хранливи материи во вашето тело.

3. Ако имате проблем со самодовербата – размислете зошто

Ниската самодоверба доаѓа како резултат на вашите мисли дека не сте доволно добри, дека не сте способни да направите нешто што другите го очекуваат од вас. Време е да престанете да размислувате на тој начин и да вложите голем труд во се што сакате да го постигнете.

4. Најдете мали работи кои ве мотивираат

Кога денот ви е лош, започнете да го поправате со ситници. Почастете се со омиленото кафе или колаче, гледајте некој добар филм или закажете средба со пријателите. Подарете си топла купка и удобен кревет. Уживајте и со малите префинети нешта избркајте го лошиот ден.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. N