Мажот во очите на жената

4 омилени комплименти кои мажите најмногу ги ценат

Напишано од Mr. N

Ако мислите дека комплимените се само наменети за жените, тогаш се лажете. Според едно истражување кои успеавме да го пронајдеме на интернет, мажите најмногу сакаат кога добиваат комплименти за нивниот физички изглед.

Сете се едногласни кога станува збор за задоволството при добиен комплиемнт, пред се кога тој доаѓа од женската публика.

Но кои комплименти најчесто носат насмевка на лицето –

Шарм

Сите мажи сакаат кога ќе им го пофалите хуморот, бидејќи тие сметаат дека тоа е доста важно за да добиете некоја жена, а и да бидете победник во секоја ситуација во животот.

Маженственост

Мажите сакаат да слушаат од други како тие се способни и дека го имаат оној заштитнички карактер и цврста рака.

Возачки способности

Секој маж сака да слушне дека е добар возач, или барем дека добро паркира. 🙂

Работни способности

Работата е една од најважните работи за самодовербата кај мажите. Затоа секој маж сака да биде пофален за добро завршена работа и за неговите работни способности.

За авторот

Mr. N