Троши

4 правила кои ќе ви помогнат при онлајн купување

Напишано од Nikola

Во денешно време секој може да купува лесно и брзо онлајн, дури и најоддалечените делови во светот, со седење на својата фотелја . Сепак, пристапот не овозможува секогаш квалитет. Фотографиите на производите често може да не одговараат според нивниот правилен изглед, па затоа постојат големи случаи во кои облеката што сте ја купиле онлајн, после некој период сте ја поклониле на некој пријател, бидејќи не ви одговарала бојата или величината.

Производи како чорапи или долен веш не преставуваат проблем, но од друга страна пак ако сакате да нарачете капут или убаво одело, мора да бидете многу внимателни. Купување облека по мерка претставува најголем проблем кај секој купувач. За да не дојдете до овој проблем, во продолжение ви приложуваме 4 правила кои ќе ви помогнат при онлајн купување.

      1.Бидете сигурни дека го имате погодено вашиот број 

Мора да обрнете внимание на вашата мерка ( висина, ширина, должина ), да ги запишете во својот телефон или таблет, за да бидат целовреме до вас, во случај ако нарачате нешто онлајн.

      2. Измерете ја облеката која ја имате во вашата гардероба

Доколку купувате облека онлајн, а не ја знаете точната мерка, потребно е да проверите величина на вашето најомилено парче, за да не дојде до проблем да ја поклоните маичката на некој близок пријател, бидејќи искочела поголема.

     3.  Телото се менува константно низ годините

Секој човек треба да знае дека облеката мора да се менува годишно. Распродажбата и големи попусти претставуваат одлична можност да купите облека онлајн за цела година, но пак празниците овозможуваат да накачите вишок на килограми. За да го избегнете овој проблем, потребно е да се мерите на секој шест месеци.

    4. Бидете сигурни облеката добро да ви одговара со телото

Тескас јакна или пак квалитетен мантил, ако не го носите на правилен начин, вие ќе изгледате како да носите најобично и невпечатливо парче облека. Затоа, потребно е да ја пронајдете совршената величина и комбинација со кроени панталони и квалитетна ролка за да изгледате удобно и елегантно.

 

За авторот

Nikola