Троши

4 производи кои треба да ги има еден маж во својот дом

Напишано од Mr. M

Денеска трендовите се менуваат со доста брзо темпо, па нивното следење знае да биде доста тешко. Од мода, автомобили, до технологија, секој маж мора да ги следи тие работи со цел успешно да го одржува епитетот, модерен маж. Желбите кај секој маж се различни, но секој оној кој сака да има и гради озбилна кариера, знае дека постојат некои гаџети без кои не се може.

Затоа денеска нашиот тим направи селекција од четири производи од брендот Philips кои веруваме дека ви се неопходни и кои треба треба да имаат голема улога во вашиот секојдневен животен стил.

Тример за брада, Сериja 7000- Со тримерот за брада потстрижете ги брадата, мустаќите и бакенбардите, без да направите безредие околу себе. Неговиот моќен механизам со вакуум ги вшмукува потстрижените влакна во движење, со што не им дозволува да се разлетаат наоколу. Повеќе за овој тример можете да погледнете на следниот линк.

Philips Sonicare четка за заби- Забните наслаги се проблем што не треба да се потценува: тие се таложат со секој изминат ден и можат да предизвикаат компликации и кариес. Затоа ви ги препорачуваме електричните четки за заби на Philips кои користат сонична технологија што помага во отстранувањето на наслагите и обезбедува исклучително длабоко чистење. Со своите 31.000 движења во минута, овие четки имаат поголема предност во споредба со рачните четки за заби. Повеќе за нив на следниот линк

Апарат за еспресо PHILIPS EP3246/70- Станува збор за квалитетен апарат за кафе кој што нуди 5 програми и своја мелница за кафе. Тој е едноставен за употреба благодарение на LED екранот кој го има. Се карактеризира со голем резервоар за вода и притисок на пумпата до 15 бари. Повеќе за него можете да видите на следниот линк.

Philips Avance центрифугалeн соковник HR1922 – Со соковниците Philips серија Avance, приготвувањето на вкусни и здрави сокови е полесно од било кога. Овој соковник ви нуди да направите максимум сок со минимален напор, а најдобрата работа е што можете да го чистите за помалку од една минута. Повеќе за него на следниот линк.

За авторот

Mr. M