Стил

4 работи со кои можете веднаш да го подобрите вашиот стил

Напишано од martin

Летото ни се приближува, а тоа значи дека ќе имаме се помалку работи за носење на нас и дека ќе се трудиме да ни биде што попријатно. Можеби тоа значи дека нема да можеме целосно да го прикажеме нашиот стил бидејќи сепак немаме толку парчиња, но тоа не значи дека не може да изгледамо добро. Затоа постојат аксесоарите, за да го надополнат вашиот стил и обичните шортсеви и маица ќе ги претворат во кул комбинација.

Очила за сонце

Не само што ги штитат вашите очи, тие прават да изгледате фраерски. Тие прават да бидете мистериозни, а доколку нема сонце секогаш можете да ги носите на глава или пак на вашата маица.

Часовник

Часовник е аксесоар кој секој маж треба да го поседува. Кратките маици често знаат да изглдаат обично на нас, па затоа треба да додадеме нешто на нас. Часовникот е измислен за тоа и тој ќе направи да изгледате елегантно луксузно и модерно.

  • Модел – SWATCH IRONFRESH
  • Цена – 11,300 денари
  • Купи го на Fridayshop.mk

Чанта

Секогаш трудете се вашите работи како новчаникот, клучевите или телефонот да не ги ставате по џебови. Затоа е паметно да инвестирате во чанта која ќе направи да изгледате елегантно, модерно и отмено. Сите работи ќе ви бидат во неа, а вие ќе изгледате топ.

Ланче

Иако не се сите мажи фанови на накитот, ланчето може да направи вистинска промена кога ќе го ставите на вас. Доволно е малку да се гледа и да ја разбие монотонијата на маицата и кратките панталони.

  • Модел – CALVIN KLEIN PLATE
  • Цена – 5,100 денари
  • Купи на Fridayshop.mk

За авторот

martin