Стил

4 работи кои секој маж мора да ги исфрли од гардероберот

Напишано од Mr. N

Често кај секој маж во гардероберот постојат работи кои што не ги носи и не се повеќе во мода. Тие обично ни одземаат голем простор од гардероберот. За да имате повеќе простор и за да направите место само за оние работи кои ви се навистина потребни, денеска се одлучивме да ви претставиме 5 работи кои треба веднаш да ги исфрлите.

Старомодните костуми

Ако имате некои стари костуми или пак премногу шарени, тогаш веднаш решете се од нив.

Маичка со V

Ако имате маици со V, тогаш слободно може да се решите од нив, или пак да ги искористите за нешто друго, бидејќи тие веќе дефинитивно не се во мода, а се прашуваме и кога биле.

Тесни фармерки

Мажите со тесни фармерки на никој несе привлечни, затоа трудете се да носите фармерки кои ќе бидат слим ама и не премногу тесни и нема да прават да изгледате како да носите хеланки.

Кожни јакни со крзно

Кожните јакни секако дека секогаш ќе бидат во мода, но оние со крзно, не се дефинитивно. Ако имате некоја ваква јакна, која што ви седи во гардероберот, веднаш исфрлете ја.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. N