Најново

4 работи кои треба да ги очекувате од најновиот настан на Apple

Напишано од Mr. N

Најновиот настан на компанијата Apple е во подготовки, кој треба да се оддржи на 12ти Септември каде што како традиција, целиот свет го очекува да слушне за последните верзии на најдобриот производ на Apple наречен “the iPhone” кој претставува радикален редизајн на моделот во сподерба со ланскиот iPhone X.

Сепак, Apple е повеќе него само iPhone, бидејќи екосистемот на аксесоари и услуги кои проникнаа поради смарт телефонот, станаа многу важни самите по себе, така што на овој настан очекувајте новости поврзани со Apple Watch, AirPods, како и долгозаборавениот AirPower полнач. Тоа оди во прилог на целиот нов софтвер објавен на WWDC претходната година, кој треба да се приближи до финалното издание по летното бета тестирање.

Овој настан се очекува да биде спектакуларен, како што бил секој претходен. Дотогаш, во продолжение ви ги претставувам работите од кои најмногу ќе се очекува на новогодинешниот настан.

Новите iPhones

Како и секогаш, главната алка на новогодинешниот настан ќе биде новиот iPhone. Од Apple се очекува да објави три нови модели: најпрвин е iPhone XS, ажурирана верзија на минатогодишниот iPhone X, без рамка, 5,8-инчен екран, но со подобрени внатрешни спецификации – исто како и останатите Apple S-класа надградби. Заедно со XS, Apple ќе објави поголема 6,5-инчна верзија во одделот на Plus моделите кои нудат поголем екран и поголема батерија, кој ќе гласи под името iPhone XS Max. Последниот модел е најинтересен, ефтин 6,1-инчен LCD iPhone кој ќе понуди безжичен екран и лице ID на X и XS телефоните по пониска цена, заменувајќи ги iPhone 8 и 8 Plus како нов “влез” на Apple Моделот.

Apple Watch Series 4

Додека приказната за iPhone оваа година се чини дека е повеќе наменета за ажурирање на податоци, работите се многу различни кај Apple Watch, кој изгледа дека ќе го добие својот прв голем редизајн во споредба со оригиналниот модел создаден во 2015 година. Проширените снимки од Apple Watch серијата 4 покажуваат дека Apple ќе понуди поголем екран на часовникот со рабен дизајн од еден крај до друг, заедно со фактот дека е помал од претходните верзии. Исто така, може да има и интегриран EKG кој ќе може да ги идентификува вашите здравстевни проблеми порано.

AirPower, AirPods и Accesories

Новогодинешниот настан на iPhone ќе одбележи една година, откако Apple ја објави својата прва AirPower платформа за полнење, која покажа дека може безжично да полни три уреди одеднаш која е совршена за одржување на iPhone, Apple Watch и пар AirPods. Компанијата во целост не ги кажува деталите за ажурирање, па се надеваме дека ќе добиеме некои новости за цените и датумот на издавање на новогодинешниот настан.

iOS 12, MacOS Mojave

Додека големите ѕвезди на настанот се очекуваат да бидат главни хардверски ажурирања на Apple, најверојатно ќе се добијат и информации поврзани со iOS 12, WatchOS 5, TvOS, а можеби дури и MacOS Mojave. iOS 12, слично како и новите iPhone, нема да биде наменет за ажурирање, туку најмногу ќе се фокусира на перформансите на фино подесување, особено на постарите модели на iPhone и iPad.

За авторот

Mr. N