Нега и одржување

4 работи за негување кои мора да ги има секој маж

Напишано од Mr. M

Во денешно време многу од мажите користат различни прозиводи за нега и одржување. Тоа е така зошто мажите почнаа да сфаќаат колку е козметиката важна. Поради таа причина денеска ќе ви претсатвиме 4 работи кои се најважни кога станува збор за машката нега и одржување.

Крема за лице 

Кремата за лице е неопходна да ја имате во вашето купатило, особено во ладните денови од годината. Тогаш вашата кожа се суши, па важно е постојано да го хидрирате.

Восок за коса  

Исфрлете ги геловите за коса и заменете ги со восок за коса. Тие ја зацврстуваат косата и даваат мат ефект и ја прават поприродна.

Hipster Hair

Спреј за суво миење на косата

Доколку сте тип кој сака да прави различни фризури на себе, тогаш ваквиот пеоизвод е идеален за вас. Ако немате доволно време да се избањате, овој спреј ќе ја освежи вашата мрсна коса.

Крема за после бричење

Жените сакаат кога мажите убаво мирисаат после бричењ. Затоа е важно да користите крема за после бричење која ќе направи да бидете попривлечен.

 

За авторот

Mr. M