Нега и одржување

4 рутини кои треба да ги почитува секој маж

Напишано од Mr. M

Утринската рутина е важна на секој маж, но многу од мажите целосно ги прескокнуваат. Миење, вежбање, медитација, бричење и сл, се само дел од оние рутини кои мажите најчесто ги прават.

Совршена насмевка ги отвара сите врати – Ако треба да објасните зошто е важно да ги четкате забите секој ден, тогаш навистина сме во неволја. Забите треба да се чистат еднаш или двапати на ден без размислување, а покрај тоа, забите прво се гледаат.

Редовно шишање- Секој маж барем еднаш во месецот мора да оди на бербер. Секој маж треба да изгледа уредно и треба да внимава на својот изглед. Освен што ќе изгледате подобро, вие поедноставно ќе можете и да ја одржувате.

Хидратација и чистење на кожата- Само миење со вода и сапун е нешто од минатото. Гел за миење е нешто што секој маж треба да го има во својот дом и што е најважно, да најде препарат што одговара на типот на кожа. Кожата со гел може да созрее, навлажнува или да ви помогне да се ослободите од најлошите работи – акните. Запомнете дека по миењето исто така треба да го хидрирате лицето со специјален крем за типот на кожа.

Парфем- Користењето премногу парфем е единствено нешто полошо отколку да не се користи воопшто. Дали знаевте дека мажите се најлоши во овој поглед и дека тие редовно, но редовно претеруваат и паѓаат во стапица и се прскаат десетина пати повеќе за да бидат сигурни дека мирисаат доволно добро? Неопходно е да се воздржите и да испрскате само неколку пати.

За авторот

Mr. M