Фитнес

4 типа на вежбачи кои ви одат на живци во теретана

Напишано од Nikola

Во секоја теретана постојат личности кои на останатите им одат на живци, затоа пробајте да не бидете вие личноста која ќе ги полуди луѓето околу вас.

Вежбач со талк во рацете

НБА кошаркарот Леброн Џејмс има занимлив ритуал пред секој натпревар да става талк во рацете, кој потоа го испушта во воздух, за да изгледа повозбудливо. Мајкл Џордан и Кевин Гарнет го правеа истиот рутиал, но никогаш не го практикуваа во теретаните. Креда и талк на дланките е една работа, но ако заврши пак на подот или справата, вие нема да бидете најсимпатичен вежбач во теретаната.

Вежбач кој премногу се поти

Потта е здрава, бидејќи го спречува телото од изгореници, исфрла токсини и штетни бактерии, но никој не сака да дојде во допир со вашата испотена гардероба. Испотете се на бенч клупата, справите, теговите, па дури и на подот.

Задолжително носете со себе резервна маица за вежбање, како и пешкир!!

Вежбач кој гласно зборува

Во салата, луѓето вежбаат, креваат голема тежина, се потат, а понекогаш испуштаат звуци слични на оние за време на сексуалниот однос. Иако е пожелно во вашата спална соба, никој не сака да го слушне вашиот глас за време на вежбање. Чувајте ги овие звуци за поважни моменти и избегнувајте ги додека тренирате, бидејќи иритираат други луѓе.

Разголени типови на вежбачи

Да, мажите сакаат да бидат голи во соблекувалната. Вашиот пешкир е доволно голем за да го ставите околу половината. Во спротивно, може да дојдете во непријатна ситуација, на пример, да го видите вашето разголено тело на слика на социјалните мрежи која не ви се допаѓа. Гардеробата не е вашата куќа, особено не ваша спална соба.

 

 

За авторот

Nikola