Храна

4 здрави намирници за покачување на килограмите кај веганите

Напишано од Mr. N

Ако сте човек што не консумира месо и животински производи, а сакате да бидете големи и силни, тогаш треба да ги консумирате следниве намирници.

Луѓето кои се одлучиле за веганска исхрана често имаат проблеми со покачувањето на килограми, бидејќи поради недостатокот на месо и протеини, не можат да зголемат мускулната маса. Меѓутоа, постојат начини и намирници кои ќе ви помогнат во оваа мисија.

Протеини од природни билки

И самите знаете дека без протеини, мускулите не можат да пораснат и зацврстат. Поради тоа, веганската исхрана е многу тешка за одржување на мускулната маса, но затоа постојат протеини добиени од природни билки.

Плодови од орев и путер од кикирики

Плодовите од орев содржат протеини и корисни масти кои ќе ви помогнат во покачување на мускулната маса. Путерот од кикирики е доста хранлив и ви помага при подготовка на брзо и едноставно јадење.

Авокадо

Не само што е здраво, авокадото претставува калорична бомба која ќе ви овозможи поголема енергија и сила.

Јаглехидрати

Ова нема да ви претставува проблем, бидејќи веганската исхрана во голем број од случаите содржи јаглехидрати, но повеќе фокусирајте се на житарици и здрави намирници, отколку тестенини.

Млеко од билки

Сојното и бадемовото млеко служат како одлична замена за кравјото. Овие млека ги содржат потребните нутрити, калории, витамини и минерали потребни за покачување на мускулната маса.

 

 

 

 

За авторот

Mr. N