Психологија

5 битни навики за работа од дома – совети од искусните

Напишано од Mr. N

Секаде читаме предлози што да се прави додека сме дома под карантин, но најдобро е да слушнеме што зборуваат на темава луѓето кои работат од дома веќе подолго време.

Во продолжение 5 навики за работа од дома, од човек што веќе ова го прави скоро 10 години по ред

1 – Сабајлечки туш за да се освежите, и потоа облечете нешто комотно и ако може носете и барем патики за да не се чувствувате преопуштено. Тренерка е дозволена, само немојте да носите пижами
2 – Имајќи укличено Нетфликс во позадина е и добра и лоша работа. Затоа подобро пуштете музика во позадина додека работите, и чувајте го Нетфликс за вечерните часови.
3 –  Мислете на себе, и што е тоа што ви дава енергија. Оброците редовно конзумирајте ги, кафе, и секако јога или тренинг во рамките на дозволеното. Мора да се грижите за себеси, да бидете психички спремни за работа од дома, која нема да влијае негативно на остантите параметри од вашиот живот.
4 – Направете план и креирајте рутина. Кога кафе, кога скајп видео кол, кога итни меилови, кога пауза од монитор, кога тренинг. Телевизорот само да ви биде пријател во амбиентот, а не да ви пречи во рутината.
5 – Плус користете повеќе локации за работа, скајп кол од софата, меилови и анализи од трпезарија каде ќе седите исправено како да сте и на работното биро. Доколку имате работна соба, се ова е многу полесно.

 

За авторот

Mr. N