Забава Фитнес

5 чекори против пивските “Dad Bod” стомаци

Напишано од Пјер

Насекаде се збори како тоа “Dad Bod” мажите биле горди со себе, и биле најновата фантазија на жените во светот. Но тоа е приказна за мали деца. Никој не сака да има пивски стомак и загрозено здравје поради лоши животни навики и лоша исхрана.

Mens Journal ни нуди само 5 многу едноставни и лесни правила со цел избегнување на овој Dad Bod нездрав начин на живот –

1. Издвојте 30 мин на ден за некој вид на тренинг/спорт – не се вадете дека немате време, дека цел ден сте навака натака, затоа што 30 минути на ден се ништо.

2. Правилна исхрана – доста е од џанк храната. Многу од вас ќе речат дека здравиот начин на исхрана е многу скап, што не е нималку точно. Секој може да си дозволи добра порција ориз, пилешко месо, туна или овошна салата.

3. Правилно решете го големиот апетит – голем дел од мажите се жалат дека имаат голем апетит, такви им биле гените, и не можеле да се справат правилно со тоа. Епа има решение. Големиот апетит се решава со многу зеленчук. Зеленчукот ќе ве засити, и ќе ви помогне во намалување на апетитот.

4. Движете се почесто – користете ја секоја шанса за да се размрдате. Заборавете на колата и автобусот кога пред вас имате кратки дестинации. Паузата на работа искористете ја за прошетка. Или пак заменете ја попладневната дремка со мала прошетка низ мало. Ова е едно од побитните правила против Dad Bod синдромот.

5. Почастете се, али не се разгалувајте – овие правила против Dad Bod движењето не се за во војска. Сепак за време на викендите или еднаш неделно на пауза од работа може да се почастите со некој сочен хамбургер или со некоја кригла пиво. Само контролирајте го частењето за истото да не прерасне во дневна навика.

За авторот

Пјер