Водич за патување

5 европски градови кои се најдобри да ја носите вашата девојка

Напишано од martin

Едно од најдобрите изненадувања кои можете да и го направите на една девојка е да резервирате на некоја дестинација и да шетате. Постојат безброј места каде што можете да поминете убаво, но кога станува збор за романтични патувања за парови, Европа е на прво место. Еве ги нашите 5 предлози каде да ја однесете вашата поубава половина на паување.

Париз

Париз бил првиот европски град кој почнал да го користи јавното осветлување, а поради раскошните светла на Ајфеловата кула, често се нарекува и „Градот на светлината“. Се разбира, целиот град и самата атмосфера се идеални за да го поминете времето со партнерот, а за францускиот јазик се вели дека е јазикот на љубовта.

Рим

Градот кој каде и да се свртите, историјата директно ви се обраќа. Не постои друго место на светот како Рим. Легендата вели дека сите туристи, случајни или намерни кои дошле во овој град, секогаш се враќаат по втор пат.

Барселона

Барселона е шармерски град кој ве купува со својата магија уште на прв поглед, од своите убавини во поглед на архитектурата па се до отвореноста на народот кој живее овде, чудата на Гауди, музејот на Пикасо, плажата Барселонета, убавото време и храна, забавата и уште милион ситници кои го прават овој град идеално место за живот.

Берлин

Скриените делови на градот ќе ви покажат каков е всушност Берлин. Бурен, алтернативен и див град во кој ќе дишете со полни бели дробови. Не е стерилен и претерано чист, ниту пак нашминкан, но има упадлива космополитска атмосфера. На крајбрежјето на реката Шпреје може да седите и да уживате во сонцето или да пловите со некоe од локалните кајчиња и да го гледате градот од поразлична перспектива.

Лондон

Big Ben, Tower Bridge, London Eye и Buckingham Palace се четирите места кои задолжително треба да ги посетите во овој град. Освен овие на листата на значајни места додадете уште неколку како National Gallery of Art, каде можете да ги видите грандиозните дела на Михеланџело, Рембрант, Рубенс и многу други.

За авторот

martin