Стил

5 Инстаграм профили кои треба да ги следи еден маж со стил

Напишано од Mr. M

Ако сакате да бидете во чекор со трендовите и ако сакате постојано да имате инспирација за вашиот стил, Инстаграм е деифинитивно клучот. Без разлика дали ги почитувате или не, но мора да признаеме дека инфлуенсерите имаат големо влијание и придонесуваат во модата низ светот.

Најважната работа е да знаете кој профил да го следите. Од часовници, костуми, па се до street style инспирација… Погледнете ги нашите профили кои што ви препорачуваме да ги следите.

Fredrik Risvik

Ако сте маж кој сака минимализам и едноставност, тогаш овој профил е дефинитивно за Вас. Станува збор за норвешки инфлуенсер кој што работи на својот стил веќе неколку години и успешно го надградува.

The Drop Date

Идеален профил за љубителите на патики. Не само што ќе се запознаете со најновите модели на патики, Вие исто така ќе се запознаете и со трендовите и како да ги носите патиките.

Phil Cohen

Ако понекогаш сакате да избегате од формалноста и елеганцијата и да се посветите на кежаул стилот, тогаш овој прфил е за вас поради тоа што секојдневно ви нуди различни кежуал модни комбинации.

View this post on Instagram

Camel overcoat and light wash denim. Lots of fun to be had with this combo. Which way would you rock it? 1, 2, or 3?

A post shared by Phil Cohen (@thepacman82) on

Men With Class

Во спротивно пак ако сте маж кој сака формалност, квалитетни модни парчиња и костуми, тогаш овој следен профил е за Вас. На овој профил ќе можете да најдете огромен број на модни комбинации во костумите се примарни.

Watchfred

Идеален профил за љубителите на часовници. Од безвременски модели, до нови колекции, тука можете да најдете се баш за сечиј вкус.

За авторот

Mr. M