Кариера

5 книги кои треба да ги прочита еден маж ова лето

Напишано од Mr. M

Летото е идеален период од годината за да прочитате некоја добра и квалитетна книга со која би го исполниле слободниот пеериод додека сте на одмор или додека одите на некое патување.

Еве ги нашите 5 книги кои што еден маж вреди да ги прочита.

Твитер компанијата и нејзините основачи

Во оваа книга се анализираат исклучителните животни врвици на Џек Дорси, Еван Вилијамс и Кристофер „Биз“ Стоун и нивното професионално учество во градењето на интернет-страницата за социјално вмрежување „Твитер“.

Тука ќе можете да прочитате за потеклото и за образованието на секој од тројцата основачи и за нивните почетоци во кариерата. Исто така, книгата се осврнува и на начинот на кој функционира „Твитер“, со што се соочува компанијата, нејзините успеси и влијанието во општеството. Лесно читливо и мотивирачко четиво за подемот на една од највлијателните социјални мрежи денес.

ДА! 50 Тајни на науката на убедувањето

Кој дел од канцеларискиот материјал може да го зголеми вашето влијание? Кој еден единствен збор ќе ја зголеми вашата убедливост? Како можете да станете џедај-мајстор на социјалното влијание? Која е активната состојка на трајниот успех?

Зошто некој би одбрал „мерцедес“, а е вљубен во „БМВ“?

Сигурно би сакале вашите колеги повеќе да се согласуваат со вас, вашите деца да си ја пишуваат домашната и соседите да престанат да расфрлаат ѓубре наоколу.

Падот на Берлускони: 120 денa кои го уништија Берлускони

Леонардо Коен е италијански писател и новинар, еден од основачите на вториот најтиражен италијански дневен весник La Repubblica. Страстен навивач на Милан, известувач од Олимпијадите и повремен воен дописник, покрај „Падот на Берлускони“ Коен има напишано уште шест книги чии теми варираат меѓу спортот, војната и политиката. Паоло Колонело пишува за „La Stampa“ на истите теми: на петнаесетте Олимпијади, тајландското цунами и гладот во Камбоџа, во текот на последните дваесет години тој ја придодава и својата призната работа како ексклузивен дописник за големи криминални истраги во Италија – од „Антонвенета“ до „Пармалат“, од „Чисти раце“ до „Телеком“.

Како ја изгубив невиноста (автобиографија)

Вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“.

Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење.

Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила.

Алекс Фергусон: Мојата автобиографија

Инспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Преглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата ’92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обостраната почит со Жозе Мурињо – сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромвич на крајот од минатата сезона.

За авторот

Mr. M