Задолжително Мажот во очите на жената

5 машки дејт модни комбинации според девојките

Напишано од The Gentleman

Имате договорено дејт состанок , честитки од нас.

Но не се радувајте премногу затоа што потешката работа допрва следи.

Среќа девојките премногу зборат, и лесно е да се откријат нивните желби на тема машка мода на прв дејт. Оставаме сами да се спремите со теми на разговор, со локација, со приказни за вас кои ќе откријат доволно (не се) како за прв состанок. Ние само ќе ве усмериме што да комбинирате на состанокот согласно локацијата која веројатно е избрана според желбите на девојката, а не според нејзиниот профил на Тиндер.

Состанок во парк – комбинација модерна ветровка, зимски чизми, спортски кежуал изглед со мал број на аксесоари (чизми и аксесоари купуваме само на FridayShop)

Состанок во бар – весела креативна кошула и смарт кежуал стил

Состанок за журка – старки, тексас јакна и добро расположение

Состанок во фенси ресторан – формален изглед во бела кошула, рачен часовник и сако (може и одело но тоа некогаш е премногу)

 

Состанок на изложба или во галерија – кошула во весела боја, креативна маичка и нешто поднаучете за настанот кој ќе го посетите

 

За авторот

The Gentleman