Метрополи

5 метрополи, 5 различни модни машки стилови (ФОТО)

Напишано од The Gentleman

Секоја метропола во светот покрај различната култура, архитектура, убавина, големина има и различен моден машки стил. Стилот на италијаните е уникатен, но има и други градови кои уживаат некоја си посебна мода. Моижеби фали, но би ги додале и београѓаните.

Во продолжение неколку комбинации со одбрана екипа на дечки од Стокхолм, Парис, Лондон, Берлин и Њујорк.

Њујорк – обожаваат тексас во различна боја и секогаш имаат спремна патика за дневните активности (најчесто бела и минималистичка)

Берлин – Секогаш исправени и добро градени, скромни во стилот со полн погодок во секое време, неразделни од потемните бои

Лондон – Спремни за експерименти со разно разни бои. не само на облеката туку и на остатокот од телото

Парис – Несредена коса и брада, уметнички изглед, блуза/џемпер во комбинација со одличен избор на чевли

Стокхолм – Долга коса (некогаш во репче), високи момци кои се неразделни од слевитото комбинирање и секогаш имаат добра јакна со нив (најчесто parka)

За авторот

The Gentleman