Задолжително

5 модни правила за совршен слоевит стил

Напишано од Пјер

Длабоко сме навлезени во есента, ладните денови веќе ја најавија зимата. А сите знаеме дека во овој период, еден од стиловите кои се истакнува е слоевитата мода. Што значи слоевита мода?

Слоевито е кога, на горниот дел од телото, имате повеќе од четири парчиња облека. Пример маичка, кошула, тексас јакна и капут. Или долна маичка, тенка блуза, елек и блејзер. Одличен стилски начин за одбрана од зимата.

Сепак, и овој стил, има неколку правила кои мора да се почитуваат –

Не се плашете да облечете 4/5/6 парчиња облека

Не ја закопчувајте последната јакна (доколку не е минус 20)

Бидете искрени кон вашата килажа (не бива да се редите со облека во мала величина само за да бидете дел од стилов)

Бегајте од исти бои (не бива да носите тегет кошула, под тегет блуза, под тегет јакна)

Не заборавајте на тексас јакната (супер детал за сите стилови)

За крај, неколку комбинации на оваа тема, но пред тоа видете што има ново на Friday Shop

 

За авторот

Пјер