Троши

5 најбарани бестселери за 2019 година!!! Купете ги веднаш

Напишано од Nikola

Читањето е нешто непроценливо, бидејќи постојат книги кои не менуваат во потполност кога ќе ги прочитаме. Затоа секогаш добро е да имате колекција на книги кои ќе ве изградат како личност и кои ќе ви дадат важни животни насоки. Денеска ќе ви претставиме неколку бестселери кои ако досега не сте ги прочитале, ви препорачуваме сега да го направите тоа.

Хари биографија

Принцот Хари можеби е едно од најпрепознатливите лица во светот денес и често е во фокусот на медиумите − понекогаш кралското семејство негодува поради тоа. Досега во неговиот горедолу краток живот, тој има видено и направено повеќе различни фасцинантни и необични нешта −од основањето на негови лични хуманитарни организации, па сè до воената служба на боиштата во Авганистан и неговата прва кралска соло-турнеја. Колку и да бил привилегиран и заштитен, принцот Хари го има искусено животот. Купете ја на следниот линк

Плејбојот и стаорецот: Приказната за Џејмс Хант и Ники Лауда

По неверојатната сезона, нивните кариери и животи отишле во сосем спротивни насоки – Лауда станал почитуван советник за спорт, а Хант умрел на прилично млада возраст, водејќи живот типичен за еден тркач.

Џејмс Хант и Ники Лауда дефинираa една доба во Формула 1 во ’70-тите години на минатиот век. Нивната битка на Светското првенство во 1976 се смета за една од највозбудливите и најдраматичните во историјата на спортот. Ова е приказна за таа сезона, но и многу повеќе. Повеќе информации на следниот линк

Дигитално злато

Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. За повеќе информации, проверете го следниот линк 

Сергеј Брин и Лери Пејџ: Основачите на Гугл

Под раководство на Брин и на Пејџ, Google стана меѓународна велесила, со бескраен обем на сервиси – од Gmail до Google Earth, па сè до паметните телефони. Позната е и по своите работни канцеларии од фантазијата, надополне ти со гурмански готвач и со скутери. Сергеј Брин и Лери Пејџ продолжуваат да сонуваат за возбудливи вложувања во иднина, а светот чека да види што е следно. Порачајте ја на следниот линк 

Тајните на иновациите на Стив Џобс

Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Погледнете повеќе на следниот линк 

За авторот

Nikola