Омилени места

5 најпознати колбаси кои ќе го одбележат овогодишниот Октоберфест

Напишано од Nikola

Во пресрет на овогодишниот Октоберфест, ви ги претставувам најдобрите видови на колбаси во светот. Станете Германец и испробајте неколку различни видови на вкусни колбаси.

WEISSWURST

Овој баварски бел колбас се прави од телешко месо и задимена свинска сланина со додаток на свежи билки, лимун и зачини. Традиционално се јадат за време на претпладневните часови со сладок интегрален сенф и переци.

BRATWURST

Постојат голем број варијанти на овие германски колбаси, но најчесто тие имаат вкус на павлака, јајца, ореви и ѓумбир. Ако со нив додадете и компир салата, ќе добиете комплетен оброк.

BOCKWURST

Иако преовладуваат телешкото и свинското месо, во овие колбаси може да се најдат и други видови на мелено месо. Можат да бидат зачинети со лут пипер.  Гастро експерти препорачуваат да ги јадете со пикантни пиперки со туршија, пржен кромид и лут сенф.

KNOCKWURST

Овие претставуваат зачинети колбаси од свинско и телешко месо со поголема количина на кромид. Обично се задимени, а највкусни се кога се сецкани и варени со грав, со додаток на кисела павлака и млад кромид.

CURRYWURST

Овие зачинети колбаси почесто се служат со прелив од кечап и кари. Тоа претставува потсетник за широкиот спектар на зачини кои влијае врз германската кујна.

 

 

За авторот

Nikola