Психологија

5 работи кои еден маж не смее никогаш да ги направи!

Напишано од Mr. M

Дефиницијата за тоа што значи да се биде маж е позната одамна. Сепак, во ова денешно модерно време, дефиницијата за маж можеби е малку поинаква, но сепак постојат работи кои секогаш треба да се почитуваат. Желба за работа, самоувереност, спремност, цврст карактер, добар стил и уште многу други работи кои еден маж треба да ги поседува.

Не е доволно да имате само добро тело, за да ја добиете титулата модерен маж, бидејќи маженственоста е спој на карактерот. Еве пет работи кои еден модерен маж не смее никогаш да ги направи…

  • Префрлување на кривицата на некој друг, паника во стресни ситуации… Вистинскиот маж во денешно време мора да остане присебен во секоја ситуација. Баш поради тоа што живееме во стресно време, мажот не смее да попушти и мора да покаже доза на сигурност дури и во најтешките моменти. Никој не бара од мажите денеска да бидат супер херои, но мора да се носи со свите слабости и да не ги прикажува на луѓето околу себе.
  • Лажење- вистинскиот маж не смее никогаш да лаже и да бега од вистината.
  • Непочитување кон жената- Ако мислите дека лошиот однос кон жената ќе ја истакне вашата машкост, тогаш се лажете
  • Трачарење- Ова е лоша особина и за двата пола, бидејќи сигнализира на недостатоци кои што ги имате
  • Изневерување- Вистинскиот маж се однесува заштитнички кон луѓето кои ги има околу себе. Тој треба да е лојален и никогаш да не ги изневери луѓето. Не е себичен и не е сконцентриран само на себе.

За авторот

Mr. M