Архитектура

5 работи кои се задолжителни за секој машки стан

Напишано од The Gentleman

Сигурно дека секој маж сонува за свој дом, или посебен простор во домот кој ќе биде наменет само за него, познато како ‘man cave’. Се што ви е потребно е само еден стан повеќе или пак слободен простор во веќе постоечкиот. Од кога ќе го решите овој проблем и ќе го направите вашиот машки простор, треба да ги внесете сите оние елементи кои ќе ви понудат максимална релаксација. Еве кои 5 предмети треба да ги имате!

Фотеља за релаксација – Во машкиот простор се треба да биде за релаксација, па затоа една од клучните работи во која треба да инвестирате е фотељата.

Хјумидор за пури – Можеби не е секој фан на пури, но ова мора да го имате. Ќе ви даде плус на вашиот стил.

Мини бар – Самиот концетп наречен машки простор, претставува да имате се што е потребно за еден маж. Доколку сакате да поминете сериозно време во машкиот простор, мора да имате пијалоци за освежување. Добра идеја е да се направи еден мал бар во кој ќе може да складирате алхохолни и освежувачки пијалоци.

Домашно кино – Ако сте некој зависник од добри филмови, тогаш веројатно ќе ви треба нешто што ќе ги задоволи вашите потреби. Тоа е дефинитивно еден голем екран кој ќе ви понуди максимално уживање. Исто така, не заборавајте да направите и соодветно озвучување.

Апарат за еспресо – Секој маж и вистински господин знае да цени и почитува добро кафе. Затоа трудете се во вашиот машки дел, секогаш да имате можност да си направите добро кафе или пак вашите пријатели да ги понудите со едно такво.

 

За авторот

The Gentleman