Мажот во очите на жената

5 работи кои жените не ги поднесуваат кај денешните мажи

Напишано од Mr. N

Никој од нас не е совршен и секој од нас има по некои мани или некои лоши особини, но ако ги имате некои од овие карактеристики, тогаш веројатно ви е тешко да си најдете партнерка. Според голем број на анкети, се добиле 5 работи кои жените не може да ги поднесат кај мажите.

Идиотска фризура и брада

Жените сакаат мажи кои водат грижа за себе. Тие исто така додале дека покрај лоша фризура, не сакаат мажи со неодржувана брада.

Неуредност

Уште една работа која девојките ги носи до лудило е кога мажите се неуредни. Девојките сакаат кога мажите имаат ред и знаат каде ги чуваат работите. Оние кои ги оставаат работите кај што им текне, се оние кои се најнеподносливи.

Лош стил

Поради тоа што девојките сакаат мода и редовно ги следат модните трендови, они очекуваат и нивните мажи да го прават истото. Ако сте некој кој не дава големо значење на стилот и облекувањето, тогаш тешко дека ќе успеете да задржите некоја девојка.

Уличарски речник

Ако секој друг збор ви е брат или некој друг, тогаш веројатно ќе почнете да ја нервирате својата девојка. Поради тоа поработетете на вашиот речник пробајте да го промените изразувањето.

Влакна на грбот

Жените имаат толеранција кога станува збор за влакнестите мажи, дколку влакната се на рацете, нозете, градите, но доколку ви е влакнест грбот, тогаш бидете сигурни дека тоа нема да и се допадне на девојката.

За авторот

Mr. N