Технологија

57 компликации!? Најкомплицираниот часовник во светот

Напишано од martin

Денеска ќе ви го откриеме Vacheron Constantin Reference 57260 или најкомплицираниот часовник во светот со 57 компликации. Овој часовник бил во развој 8 години и е направен со техниките на тројца часовничари кои го надгледувале целиот проект. Дали е ова сликата за иднината?

Мерењето на времето е старо колку што е човештвото и десетици илјади години се базирале не на машини, туку на астрономијата: набљудување на механиката на небесата. Како што се развивала механичката наука, светот научил да ги кодира движењата на сонцето, планетите, ѕвездите, но со самото тоа луѓето се соочиле со фундаментален проблем, и тој проблем се наоѓа во срцето на Vacheron Constantin reference 57260.

Прославувајќи ја 260 годишнината од својата непрекината историја, Vacheron Constantin го откри Vacheron Constantin Reference 57260 џебниот часовник кој е најкомплицираниот во светот.

Тука е, на почетокот, каде треба да се спомене дека не постои едно дефинитивно правило за тоа што може и не може да се нарече компликација. Теоретски, сè што е надвор од едноставните функции за мерење на времето (часови, минути, секунди), сите функции може да се наречат, но некои тврдат дека функциите како што се ретроградни прикази за датуми или дури и турбилон не се сметаат како такви. Сепак, овие функции ќе ги употребиме кумулативно и како компликации и особини – и кога ќе ги броите сите, ќе најдете дека Vacheron Constantin Reference 57260 има рекордни 57 компликации.

Дали ви се верува дека овој часовник се состои од 2.800 компоненти? Постојат компликации кои ги има овој часовник кои се новост во светот на часовниците. Некои од нив се толку сложени што речиси е тешко да се објаснат со зборови. Овој часовник поседува хебрејски календар, компликација која е навистина тешко да се изведе. Покрај тој, овој часовник го има и грегоријанскиот календар.

Фазите на месечината е една копликација која исто така вреди да се спомне. Во поголеми случаеви ова е естетска функција, додека прецизноста е во втор план. Сепак Vacheron Constantin 57260 поседува неверојатна прецизност. Хронографот е една од најкомплицираните компликации. Станува збор за дупла ретроградна „Rattrapante“ хроногар.

Има уште голем број на работи кои што може да се кажуваат за овој часовник, но следете и не и понатаму за да го открите целосно овој модел.

За авторот

martin