Мажот во очите на жената Омилени места

6 дејт правила за избор на ресторан

Напишано од Mr. N

Помалку стрес за неа, а повеќе поени за вас.

Изборот на место за ручек и вечера не е лесно, и затоа постојат многу смешни мемиња на оваа тема, каде не може да најдете перфектно решение според потребите на вашата девојка.

Како што и кажува насловот, овие 6 фактори треба да влијаат на вашиот избор на ресторан –

  1. Удобност – Ако имате состанок после работа, одберете локација каде она лесно ќе стигне. Ако е за викенд, одберете место каде двајцата лесно ќе стигнете
  2. Бучава – Одберете место каде нема гласна музика и може да се разговара без викање
  3. Осветлување – Ресторанот не треба да биде само на свеќи но не треба да има и рефлектори, особено флуросцентни нијанси. Тоа е скроз обратно од секси.
  4. Цена – Погледнете го мените и видете дали ќе можете да си дозволите да ја платите цела сметка. Најлошо нешто е панична гримаса кога ќе ја видите сметката, што значи не сте спремни за неа иако инсистирате да платите. Доколку имате омилено место по нормални цени, пробајте да го форсирате без да примети “Местото е супер, сум бил неколку пати таму”…
  5. Храна – Најдете добра комбинација на лесна храна. Никој не сака голем бургер по кој нема да може да се поместите од кревет во следните 5 саати.

 

За авторот

Mr. N