Водич за патување Омилени места

6 магични празнични супер дестинации

Напишано од Mr. N

Празниците се уште не се блиску, но сите размислуваме за тоа како и каде би ги поминале.

Се разбира, добро е да ги поминете празниците со семејството и пријателите, но дали сте размислиле дека некогаш треба да ја прекинете таа традиција и да патувате во град каде што магијата на празници е толку убава, што ќе трае бесконечно?

Европските градови се фантастични во текот на зимата, особено ако има снег комбиниран со Божиќните светла искрасени низ улиците е еден вид на носталгија од нашето детство.

Оваа носталгија не враќа во периодот кога куќата мирисаше на рум коцки, греано вино, цимет и портокали, каде што со нетрпение чекавме да се појави Дедо Мраз покрај новогодишната елка.

Ваква магија ви овозможуваат Нирнберг, Тоскана, Њујорк, Лондон, Талин, Санкт Петербург и многу други градови низ светот. Спакувајте ги куферите и одете на незаборавно патување кое ќе ви донесе многу радост и забава.

1.Њујорк, Америка

Градот кој никогаш не спие е дефинитвно најжив за време на празниците. Посетете го Рокфелер за да го видите традиционалното најголемо дрво во Њујорк, да уживате во свечениот шопинг на Унион плоштадот или да го покажете вашиот талент на лизгање на мраз во паркот Бриант.

Доколку сакате класично Њујоркшко искуство, уживајте во прекрасно декорираните изложби како што се Бергдорф, Мејси и Сакс, а потоа упатете се кон Линколн Центарот за да го погледнете традиционалната балетска претстава “Крчко Орасиќ”.

2.Тоскана, Италија

Ако сакате на вашето патување да ги земете и децата, не постои подобра дестинација од Тоскана, Италија. Препорака за секој е посета на селото Дедо Мраз во Монтепулчано, во областа на Сиена, каде што се наоѓа замокот на Дедо Мраз, изложбата “Фабрика за играчки”, како и мини ранч.

 

3. Лондон, Англија

Град кој има најдобра фестивалска атмосфера е Лондон, кој претставува одлична дестинација за празничниот период.

Лондон ви нуди безброј можности и авантура за време на празниците, без разлика дали тоа е прошетка во Хајд Парк или восхитување на елката пред Кенсингтон палатата.

4. Нирнберг, Германија

Никој не е мајстор за празниците како Германците, а еден од најстарите датуми од 1628 година е Христенделслеркт, кој е културен центар на Франконија на север од германската провинција Баварија.

Се разбира, Нирнберг има многу повеќе да понуди од Божиќното фоаје, а љубителите на културата сигурно ќе уживаат во 43-те музеи лоцирани во градот, како и средновековната архитектура што го краси градот.

5. Санкт Петербург, Русија

Зимата во Русија е сама по себе одлична. Ако на тоа ја додадете и празничната атмосфера, вие ја добивате добитната зимска комбинација.

Многумина тврдат дека ќе поминете незаборавни денови во овој царски град.

6. Талин, Естонија

Можете да го почувствувате вистинскиот сјај на Божиќ во Талин, Естонија. Признаен како еден од најдобрите божиќни дестинации во Европа, Талин нуди прошетка по калдрмните улици кои водат низ носталгичниот пат на зимските чуда.

 

 

 

 

 

 

 

За авторот

Mr. N