Задолжително

6 модни грешки кај машкиот стил кои мора да ги снема во 2020та година

Напишано од The Gentleman

Има многу работи од 2010тите кои мора да се заборават. Од лошата музика и досадните филмови, од коли што загадуваат па се до сите хаштази кои имаа кратка популарност на социјалните мрежи.

Истото важи и кај машката мода. Време е да се стави крај на лошата кројка, на големите парчиња облека, на грешно врзаната вратоврска, на непопуларните обувки и на лошо закопчаните копчиња.

Оваа 2020 мора да го подигнеме нивото на машка мода во нашата земја (Friday.mk секојдневно се бори за ова), и со време да заборавиме на следниве 6 моменти од минатото кои беа негативци во комбинирањето на машките стилови.

Конците не треба да се гледаат

 

Неколку парчиња облека, особено оние со кројка, при купување доаѓаат со одредени плетки кај рабовите и џебовите. Тоа најчесто се мали кончиња кои се тука да помогнат во држење на вистинската форма, пред производот да дојде до крајниот купувач. Епа во предходната декада голем дел од мажите не беа свесни за овој момент, и при купување не ги вадеа овие кончиња (со мала пинцета за да не оштетите нешто), и оставаа да висат на нив како тоа да е дел од кројката. Овој момент мора да го снема во 2020та.

Ракавот на кошулата под оделото не е крило

 

Уште една класична грешка која мора да ја снема во 2020та. Ајде да запомниме еднаш засекогаш – ракавот на вашата кошула треба да биде подолг од оделото/сакото околу 1 сантиметар. Ако е подолго од тоа ќе изгледате како кловн, ако е пократко ќе изгледа дека носите маичка а не кошула. Внимателно затоа што ова е многу битен момент. Доколку вашето одело е кратко, или доколку кошули ви се подолги од што треба, време да го промените вашиот кројач.

Вашето тело се менува, а со него се менува и облеката 

Дојдовме до најделикатната грешка. Значи како старееме, наштео тело се менува. Дали ни виснале мускулите, дали сме качиле некое кило, нашата стара облека не може исто да ни стои како во минатото. Затоа доколку приметите дека копчињата на вашата кошула се разиграни и се борат да ги спојат двете страни на кошулата, време е за шопинг. Вашето тело се менува, прифатете го тоа.

Вашите фармерки/панталони не треба да бидат тепих

Дојдовме до долниот дел од телото и панталоните/фармерките. Во последно време носиме се потесни панталони, односно со гол глужд. Тоа донекаде е во ред, зависно вашиот стил. Битно е да пазите панталоните да не се предолги да се виткаат неколку пати штом допрат до вашата обувка. Значи прифатлиови е да сакате покомотни панталони, но мора да се внимава тие да не се предолги и да се сопнувате при секој чекор.

Летна облека не е за во зима

Тука нема многу да објаснуваме, се е кажано во насловот и преку сликата. Така да без разлика колку сакате да се правите храбар и дека не сте зимурлив, летни обувки и гол глужд се за во лето. И обратно, јакна во август….никако

Обувки согласни на вашиот стил

Стигнавме до стапалата и обувките. Разбирливо е да сте фанови на кежуал спортската мода, тука не ве чепкаме. Овој последен стилски момент кој мора да се остави во последната деката е за оние моменти кои бараат малку повеќе дотерување од вообичаено. Свадба, прослава, битен состанок од работа. Значи патики со смокинг не изгледа нормално. Да, некогаш правилата се кршат, но тоа не е случај при вакви битни настани кои бараат вистински модни потези. А доколку немате обувки на располагање, проверете ги новите одлични чевли на FridayShop (линк)

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman