Кариера

6 начини да ја зголемите својата продуктивност

Напишано од The Gentleman

Продуктивноста е она што најмногу можете да го извлечете од вашиот работен ден. Утрата можат да бидат проблем во зимата, бидејќи сонцето покасно изгрева. Кога ќе се разбудиме рано посабајле надвор е сеуште темница, па тоа понекогаш знае негатвно да влијае на нас. Поради тоа најдобро би било вашиот аларм да го навиете малку порано за да можете на раат да го испиете вашето прво кафе, да го изедете првиот оброк или било каков ритуал да имате. Не само што ќе ја избегнеш гужвата, вие на овој начин ќе го намалите стресот и нервозата.

Иако на многумина може да им биде нејасно, но кратките паузи за време на работните обврски ќе направи да се чуствувате поопуштени, а преку тоа ќе го одморите мозокот за да можете побрзо да ја завршите работата која ви останала.

Она за кое што цело време говориме и она кое ја зголемува продуктивноста е така наречената to-do листа. 15 минути пред спиење убаво е да направите една кратка листа на задачи кои ги имате за наредниот ден.

Она што е секогаш одлично и што секогаш треба да го правите е правилото ‘две минути’. Звучи интересно!? Ова правило значи дека помеѓу работните обврски убаво би било да размислите за нешто што ќе ве расположи или опушти. Две минути потрошете на тоа и ќе видите како ќе ги решите резултатите побрзо и полесно.

Голем број на истражувања покажуваат дека канцелариските работници трошат 30 часови од работнот време го трошат на непродуктивни состаноци, разговори и средби кои некаде ‘не успеваат’. Затоа пред тоа е потребно добро да се припремите и да дознаете со кого си имате работа. На овој начин ќе успеете бројот на непродуктивните состаноци да ги направите подобри.

Живееме во современо време каде што технологијата се развива со брзо темпо, а тоа на некој начин ни ја олеснува работата, но тоа понекогаш знае да ни ја одземе концентрацијата. Затоа најдобро би било во времето додека работите да го намалите користењето на интернет и социјалните мрежи, а резултатите брзо ќе се појават.

За авторот

The Gentleman