Психологија

6 знаци кои покажуваат дека премногу мастурбирате!

Напишано од Mr. M

Ако мислевте дека нема нешто што може да се карактеризира како премногу мастурбација, сте биле измамени. Ние ви донесуваме случаи кога мастурбацијата е штетна отколку корисна појава. Мастурбацијата е составен дел на човечката сексуалност и, без оглед дали признаваат или не, тоа е составен дел од животот на сите. Веројатно знаете, мастурбирањето има многу здравствени придобивки. Но, тоа исто така може да биде многу штетно. Ден Дрејк, сексуален терапевт, цитира неколку случаи кои се јасни знаци дека премногу мастурбирате и дека мастурбацијата прави повеќе штета отколку добро.

Мастурбирате до тој степен што ќе се повредите- Во реалноста не постои оптимален број на мастурбации во текот на неделата. Едни тоа го прави почесто, а едни многу ретко. Меѓутоа, ако чувствувате болка и непријатност во пределот на гениталиите и ако има видливи знаци на повреда, бидете свесни дека оваа активност е премногу честа.

Вие чувствувате потреба за повторна мастурбација- Некои луѓе комплетно мастурбираат во серија, но не заради физичко задоволство, туку заради релаксација и психолошко олеснување. Ако забележите дека се обраќате кон мастурбација кога сте напнати и нервозни и го правите тоа постојано, знајте дека користите мастурбација за да избегнете болни емоции, што во никој случај не е добро.

Мастурбацијата претерано влијае на љубовната врска- Без разлика дали сте во врска или не, мастурбирањето може да ве одвои од партнерот доколку сте во врска, но и од потенцијална врска ако сте сами. Зошто? Затоа што на тој начин влечете во вашиот свет и создавате впечаток дека сте доволен за себе.

Вие не се чувствувате добро во сопствената кожа, и ова чувство е засилено со мастурбацијата-  Дали сте повеќе во контакт со себе и со вашата сензуалност додека мастурбирате? Или можеби се чувствувате вкочането, осамено и исклучено? Ако по мастурбацијата се чувствувате непријатно во која било смисла, размислете внимателно за вашата емоционална состојба.

Опсесивно размислувате за мастурбирање- Доколку поголемиот дел од денот го посветувате на размислување за мастурбација, проверете дали нешто не е во ред. На пример, размислувањето среде деловен состанок е за тоа да бидете задоволни со себе, тоа значи дека мастурбацијата влијае на вашиот деловен живот. Опсесивноста од кој било вид во никој случај не е добра. Размислете за тоа и преземете конкретни чекори за да си помогнете.

Се срамите од самите себе- Чувството на срам може да биде погубно, и доаѓа од најразлични причини кога мастурбирате. На пример, заради верските убедувања, социјалните норми или погледот на семејството. Ако мастурбацијата оди со срам, тогаш тоа е деструктивно искуство за вас. Обидете се да ги ублажите вашите чувства на срам, бидејќи тоа во голема мера ќе го подобри вашиот квалитет на живот.

 

За авторот

Mr. M