Луксуз

7 правила кои треба да ги почитуваат љубителите на пурата

Напишано од Mr. N

Во Америка е секојдневие, а кај нас се уште важи за луксузна навика. На наша среќа, ова мислење полека избледува, и како што може да се забележи низ кафулињата, мажите се почесто уживаат во добрата пура.

Следниве седум правила искусните сигурно ги знаат (но не е лошо и да ги повторат), а тазе пушачите на пури нека запишат, за да научат како треба да се пуши пура во барови специјално направени за љубителите на пура.

Не ја мирисајте или пак влажнете пурата

Не бидете човек кој се шета низ продавница и мириса цигари кои друг купувач би ги порачал. Никој не сака да купи цигара/пура која е навлажнета.

Никогаш не го испуштајте чадот кон другите

Секогаш запамтете дека постојат други луѓе околу вас кога пушите пура. Иако е нормално да вдишете чад од пурата кога се наоѓата во продавница за пури, потребно е чадот да оди во насока на некој пушач.

Не ја гаснете пурата во пепелникот

Пурата ќе се изгасне со тек на времето. Почитувајте ги цигарите и пробајте да не ја изгаснете со фрлање во пепелникот, зошто тоа не е според етичкиот кодекс кои го имаат баровите за пушење цигари/пури.

Не дозволувајте пепелот од пурата да се истури на вас

Доколку учествувате во натпревар за подолго задржување на чадот во продавница за пури, вие треба секогаш да внимавате да не го истурите пепелот на под или пак на тепихот во некој кафич.

Никогаш не носете ваши пури во бар каде што се пушат пури

Доколку сакате да посетите бар во кој се пушат пари, секогаш треба да купите пура од нив. Запомнете дека некои продавници нудат попуст за оние кои се големи љубители на пурата.

Секогаш треба правилно да ја пресечете и запалите пурата

Лошо пресечена пура може да го уништи вашиот вкус и да предизвика пожар. Важно е секогаш да ја пресечете пурата на самиот крај. Исто така, палењето на пура е многу важно, доколку се наоѓате во кафич во кој се користат посебни правила за пушењето на пура.

Не бидете од типот на “Преферирам само Кубански тип на пура”

Пурите, како виното имаат долга историја и не се достапни во некои земји во светот. Бидејќи Куба е позната по производство на цигари, тоа не значи дека постои само Кубански тип на пура.

 

 

 

 

 

 

 

 

За авторот

Mr. N