Бизнис совети

7 презентациски техники кои може да ги научите од конференциите на Apple

Напишано од martin

Без разлика кој програм го користите за да направите презентација, може да научите навистина многу од светската компанија Apple која ги одржува едни од најдобрите светски конференции. Еве што треба да забележите од кај нив…

Зграбете внимание

Секоја публика ќе ви даде најмногу една минута со цел да го привлечете нивното внимание, ако за тоа време не успеете да направите нешто што ќе ги заинтересира, тогаш нема да го имате посакуваниот впечаток. Затоа бидете креативни и имајте храброст да пробате нешто ново.

Избегнувајте категории и подточки во презентацијата

Ова никогаш нема да го видите во преентациите на Apple. Таму има фотографии, анимации, зборови, но не и поделеност на категории и подточки. Еден слајд исполнет со многу текст е потешко да биде прифатен од страна на публиката.

Ставете бројки во презентацијата

Тим Кук и неговите соработници постојано објавуваат нивни статистики и бројки на јавните настапи кои што би ги интересирала публиката. Како на пример Тим Кук на една негова презентација напишал дека компанијата има некаде околу 400 милиони регистрирани на Apple’s App Store.

Слајдовите со бројки правете ги едноставни

Кук на неговите настапи има споделено со јавноста многу важни податоци и информации, а без разлика за каква статистика тој разговара, на презентацијата се гледаат само бројките и ништо друго.

Споделете ја сцената

Кук не доминира со презентацијата. Во првите 30 минути можеби тој е главниот говорник, но понатаму се приклучува и неговиот тим. Што значи дека никој не би сакал да гледа филм со еден карактер.

Прикажете неверојатни моменти

Публиката не сака досадни работи, па затоа презентациите на Apple се секогаш интересни. Наместо на досаден начин да го презентираат новиот телефон, тие ова сценарио го прават толку драматично што и самата публика останува без зборови.

Инспирирајте ја публиката

Наместо само да излезете и да го презентирате производот со цел да го продадете, Тим Кук ја инспирира публиката и се поврзува со неа. Докажете им на луѓето дека преку вашата работа вие сакате да направите промена во општеството и во нивните животи. Не гледајте само да го продадете продуктот.

За авторот

martin