Руколата е најчестиот додаток во исхрана во последните години. Се комбинира со секое јадење буквално, но најмногу некако оди во салата на која и дава дополнителен шмек. Ние ја јадеме со јајца, во сендвичи, на пица, со месо..
Руколата е богата со минерали и витамини и има многубројни благодети за нашиот организам.
Еве 7 причини зошто треба да јадете рукола.
- Уште во римското време руколата се сметала за моќен афродизијак
- Руколата се препорачува на труднци, но и на доилките бидејќи ја зголемува лактацијата
- Децата треба да јадат рукола поради јакнење на имунолошкиот систем и коските
- Руколата го спречува појавувањето на канцер, ги јакне крвните садови, го намалува холестеролот во крвта
- Редовното конзумирање на рукола доведува до нормализирање на организмот, го подобрува варењето и го јакнен ервниот систем
- Руколата е одлична за оние што имаат чир или гастритис
- Руколата содржи само 25 калории на 100 грама. Можете да јадете колку сакате.
Со овие неколку причини сигурно ќе сватите дека руколата е здрав зеленчук и корисен и ќе морате да го јадете.