Бизнис совети

7 работи кои ги прават успешните луѓе веднаш после долг викенд

Напишано од Nikola

Постојат многу работи за тоа како треба или не треба да го искористите долгиот викенд. Но, исто така важно е како ќе ги планирате деновите кои доаѓаат после тој викенд.

Кога ќе се вратите на вашето работно место и имате пократка недела да направите се што ви е потребно, најпаметно е да искочите на терен.

Имајќи го тоа на ум, ви ги претставуваме 7-те работи кои ги прават успешните луѓе прво после долг викенд.

Тие стануваат рано

Кога станува збор за празниците, скоро сите имаат слободнo време. Затоа, вие нема да заостанувате, бидејќи ќе пристугнувате на работа во своето нормално време.

Но, станувањето порано и пристигнувањето пред вашето регуларно време е добра идеа, исто така. Канцеларијата ќе биде тивка и вие ќе го започнете тоа што сте го пропуштиле претходната недела.

Тие ги анализираат нивните важни задачи

Голем дел од нашите секојдневни задачи не се важни. И никој нема да примети доколку започнеме да ги игнорираме.

Отсуствувањето на работа за неколку дена ни дава перспектива за задачите кои всушност се важни и неопходни, и оние кои се целосно непотребни. Елиминирајте ги оние кои не им служат на вас или на вашите колеги за било каква цел.

Тие го проверуваат дупло својот распоред

Проверувајте го почесто вашиот секојдневен распоред. Запомнете, вие најверојатно ќе имате скратена работна недела. Затоа, не пробувајте да ги ставите сите активности во вашиот неделен распоред, затоа што вашата недела ќе биде пеколна.

Тие се поврзуваат со останатите луѓе

Ако сте биле некаде за празниците, шансите се големи дека и вашите соработници и колеги се заедно со вас на одмор.

Сепак, не е лоша идеја да се пријавите кај вашите колеги.

Одвојте време за да се поврзете со еден или двајца клиенти за да им потврдите дека сте назад, доколку им требате за нешто.

Тие се организирани

Внимавајте да не го трошите времето за одговарање на пораки кои сте ги пропуштиле викендот.

Не ги мешајте мејловите со продуктивната работа, мислете стратегиски и одговарајте на пораките кои мислите дека се временски осетливи.

Тие се фокусираат главно на работата

Важно е да бидете во можност да го исклучите вашиот “работен мозок” за време на долгите викенди. Секако, секој сака да ужива во слободното време, на крајот на краиштата.

Подеднакво важно е враќањето на вашиот работно ориентиран ум, кога ќе се вратите на работното место. Успешните луѓе се способни во секој момент да го избегнат непродуктивното деградирање после долгиот викенд.

Тие ги инкорпорираат позитивните искуства од нивните долги викенди

Се надевам дека вие го поминувате вашиот долг викенд паметно, како на пример: медитација, читање книги и вежбање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За авторот

Nikola