Стил

7 совети за стил кои се учат само од италијаните

Напишано од martin

За секоја нација низ светот се врзуваат одредени стереотипи, а кога збориме за луѓе кои имаат добар стил, тука се италијаните. Секогаш добро облечени, па најверојатно се нај stylish нација во светот. ПОради тоа денеска се одлучивме да ви издвоиме 7 совети за стил кои се учат само од нив…

  1. Никогаш не ги вадете очилата за сонце, ама никогаш! – Ако италијаните нешто сакаат, тоа се очилата за сонце. Само најдете облик на очила за сонце кои ви одговараат на вас, и не ги симнувајте од вас.
  2. Инвестирајте во квалитетна гардероба – Ниту една земја на светот нема толку добро облечени бизнисмени како Италија. Облекувајте се како нив и на добар пат ќе бидете да дојдете до успехот.
  3. Еспресо и цигара за појадок – Како ли италијаните се толку витки и изгледаат добро? НИвната тајна лежи во квалитетно еспресо и цигара за појадок
  4. Текстурата е многу важна– Италијаните знаат колку се важни деталите. Тие многу внимаваат на тоа од каков материјал ќе биде нивната гардероба.
  5. Sprezzatura е збор кој треба да го научите – збор кој е познат како безгрижност и терминот совршено го отсликува начинот на кој италијанците му приоѓаат. Облеката треба да изгледа на вас како да сте ја облекле, а не сте размислувале многу на неа.
  6. Играјте си со косата – италијаните често знаат да извадат и добри фризури. Па затоа тие го користат секој момент да направат нешто со својата коса, без разлика на ситуацијата.
  7. Знаат како да изгледаат фраерски и да позираат – погледнете ги фотографиите од италијаните низ улиците на Милано и Фиренца, ќе видите дека тие не се само убаво облечени, тие знаат и добро да позираат. Знаат како да седат фраерски, како да ги движат рацете итн.

За авторот

martin