Во светот на часовниците

7-те најскапо продадени рачни часовници од луксузните аукции во Женева

Напишано од The Gentleman

Љубителите на рачни часовници потрошија милиони долари на една аукцијата во Женева . Еден од нив достигна цена и од 3 милиони долари. Но да почнеме со ред, во продолжение најскапите 7 часовници кои беа продадени пред пандемијата на Sotheby’s аукцијата.

HEUER CARERRA REF. 1158

Цена: $231,399

Auction: Sotheby’s Important Watches

Зошто: Поради 18каратно злато, и додатокот од 100грамското златно ременче. Не треба друга причина, но овој рачен часовник е исто така познат по неговата Формула 1 историја. Овој модел е подарок до Шведскиот возач Ronnie Peterson од страна на Jack Heuer како дел од нивната соработка. Изработен е во 1972, и од истиот модел постојат само 500 парчиња.

PATEK PHILIPPE REF. 1504 STAINLESS STEEL WATCH WITH PINK GOLD BREGUET NUMERALS

Цена: $337,328

Auction: Sotheby’s Important Watches

Зошто: Само 4 модели постојат во светот. а конкретно од овој модел со златно розеви бројки од 1941 постои само 1. Иако проценката беше дека цената ќе се движи од  $20,569-$41,138, цената достигна неверојатни $337,328.

BREGUET ET FILS, NO. 217 SELF-WINDING QUARTER REPEATING POCKET WATCH WITH EQUATION OF TIME, DAY, MONTH, AND POWER RESERVE

Цена: $3,315,792

Auction: Christie’s Rare Watches Including Important Private Collections

Зошто: Најскапото од Женева. Рачен часовник некогаш дел од додатоците на еден од генералите на Napoleon, како и на основачот на Agence France-Presse – world’s first news agency.

PATEK PHILLIPE REF. 3651 18K GOLD CHRONOGRAPH

Цена: $212,282

Auction: Antiquorum Important Modern & Vintage Timepieces

Зошто: 18каратно злато што датира од 1961, чија проценка и тоа како ги надмина очекувањата кои се движеа некаде измеѓу $78,000-$100,000

IWC REF. 377017 PLATINUM GRAND COMPLICATION

Цена: $91,963

Auction: Antiquorum Important Modern & Vintage Timepieces

Зошто: Еден од поефтините модели, ако може така да се нарече. Дел од ограничена количина од само 50 исти модели

ROLEX REF. 4113 STAINLESS STEEL SPLIT SECOND CHRONOGRAPH

Цена: $2,452,100

Auction: Phillips Stop-Start-Reset: 88 Epic Stainless Steel Chronographs

Зошто: Култен модел од далечната 1942, нов рекорд на Rolex, модел препознатлив како дел од стилот на големите историски возачи

PATEK PHILLIPE REF. 530 STAINLESS STEEL WRISTWATCH WITH BLACK DIAL AND BREGUET NUMERALS

Цена: $1,473,900

Auction: Phillips Geneva Watch Auction: Three

Зошто: Нов рекорд и за Patek Philippe, кој датира од далечната 1941 

За авторот

The Gentleman