Автомобили Економија

70 милиони фунти загуба за еден ден… Брегзит ја уништува автоиндустријата во Британија

Напишано од Mr. M

Британската автоиндустрија испрати сериозни апелирања до идниот премиер на Британија да превземе нешто со што Брегзит нема да има влијание врз трговијата со ЕУ.

Доколку не се превземат бараните мерки, ќе дојде до воведување на тарифи во вредност од милилиони фунти и пореметувања на границите со што би се нанело огромна штета на автомобилската индустрија на Британија.

Автомобилите се важни за трговијата и економијата на Велика Британија, па доколку се превземат сигурни и квалитетни мерки, може да се има светла иднина.

Автомобилската индустрија во оваа земја, се плаши доколку неадекватно излезе од ЕУ дека ќе се донесат тарифи во висини од 10 % на готовите модели, како и до застој на границите.

Сите овие проблеми кои може да се случат поради Брегзит, би можело да ја чини автоиндустријата 70 милиони фунти дневно. Британскиот автомобилски сектор, падна за нецеројатни 44 % за разлика од минатата година.

За авторот

Mr. M