Љубов

8 начини на кои мажите можат да ја зголемат својата плодност

Напишано од Пјер

Последните неколку години многу истражувања докажаа дека машката плодност опаѓа. Тоа е лоша вест за оние кои сакаат да имаат потомство, но постојат неколку начини на кои мажите може да ја сочуваат, па дури и зголемат истата.

1. Намалете го стресот

Стресот влијае на хормоните кои се важни за производство на спермата. За да се ослободат од стресот, мажите треба да разговараат со своите партнерки, да вежбаат или да се занимаваат со некое хоби кое ги опушта.

2. Не претерувајте со алкохолот

Преголемото количество на алкохол го намалува бројот на сперматозоиди и квалитетот на спермата. Ако започнете да пиете умерено или ако целосно го оставите пиењето, ќе ја подобрите плодноста.

3. Оставете ги цигарите

Уште една причина да се откажете од пушењето: пушачите имаа помал број на сперматозоиди и помала раздвиженост на истите.

4. Хранете се здраво

Антиоксидансите кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот го подобруваат целокупното здравје, а со тоа и здравјето на сперматозоидите.

5. Јајца

Јајцата содржат многубројни аминокиселини кои го поттикнуваат производството на квалитетна семена течност. Варените јајца се подобри од пржените, бидејќи пржените губат многу хранливи материи при подготовката. Кога и да можете, изедете некое варено јајце.

6. Бидете активни, но не претерувајте

Активниот живот го подобрува општото здравје, а со самото тоа и здравјето на репродуктивните органи. Затоа занимавајте се со некој спорт или вежбајте барем три пати неделно по половина час. Но немојте да претерувате, тоа е контрапродуктивно.

7. Лубрикантите не се добра идеја

Лубрикантите не се добра идеја, тие ги забавуваат сперматозоидите. Избегнувајте ги.

8. Одржувајте нормална тежина

Мажите кои се премногу слаби или претерано дебели имаат побал број на сперматозоиди, но и забавени сперматозоиди. Доведете се себеси на просечната бројка на килограми ако сакате да ја зголемите вашата плодност.

За авторот

Пјер