Технологија

8 причини зошто iPhone 7 е подобар избор во однос на iPhone XR, XS или XS max

Напишано од Nikola

Моментално, трошокот на новите смарт телефони може да достигне до 1000 долари, па затоа, време е да ги разгледаме постарите модели кои вредат помалку. Старите модели се релевантни, особено ако се во одлична функција.

iPhone 7 е две генерации постара на оваа сцена, но се уште ја продаваат Епл, што го прави овој модел доста актуелен на пазарот.

Погледнете ги 8 причини зошто iPhone 7 е подобар избор во однос на iPhone XR, XS или XS max

1. Не е толку скап во однос на новите модели на iPhone

Прво и основно, iPhone 7 вреди 450 долари, што го прави за 570 долари поевтин од останатите модели. Можете да го добиете овој модел од продавниците на Епл за уште помала цена, но со мали замени.

2. Се уште го добивате одличното iOS искуство

И покрај тоа што значително се плаќа помалку за iPhone 7, се уште ја добивате најновата верзија на iOS, iOS 12. Вклучува подобри перформанси за постарите модели на iPhone, како и надградби на системот за известувања и други големи измени кои го олеснуваат оперативниот систем на iPhone.

3. iPhone 7 е полесен и потенок во однос на новите модели

iPhone 7 и iPhone 7 Plus се полесни за разлика од другите iPhone модели, иако iPhone 7 Plus е потежок во однос на iPhone XS.

4. iPhone 7 има команда за отклучување на телефон со отисок и копче за разлика од Face ID на новите iPhone модели

Доколку не сте спремни за Face ID или пак други карактеристики кои ги има iOS 12, вратете се на старомоден начин со помош на отисок или пак команда за отклучување достапна кај iPhone 7.

5. iPhone 7 секако располага со одлична камера

Големи промени се направија кај новите модели на iPhone во однос на камерата, како на пример Smart HDR, но сепак се уште располага со одлична камера.

6. iPhone 7 Plus има поголема резолуција на екранот во однос на iPhone XR

Изненадувачки, iPhone XR 6.1 инчен екран со 828п резолуција е помала во однос на 1080п резолуцијата на iPhone 7 plus.

7. iPhone 7 има 3Д допир, за разлика од iPhone XR

Уште еден изненадувачки факт е дека новиот модел на iPhone, iPhone XR не доаѓа со 3д допир функција, што прави потешко да селектирате апликации.

8. iPhone 7 се уште дава одлични перформанси

Со продажба на iPhone 7 со А10 чип, Епл го потврдува фактот дека овој модел се уште дава одлични перформанси кој го изедначува со новата конкуренција.

 

 

 

 

 

 

 

За авторот

Nikola