Метрополи

8 супер градови кои најдобро е да ги шетате сами

Напишано од Пјер

Да патуваме сами на некоја дестинација е навистина едно посебно искуство, особено ако одите на место кое има посебна култура и атракции кои ќе ви го одземат времето на вистински начин. За да ви помогнеме околу вашата следна дестинација, сајтот RoutePerfect.com направи листа од неколку европски градови кои е најдобро да ги посетите сами. Од големите европски метрополи па се до гардови со мали населби и ефтино пиво.

Минхен, Германија – Град со преубава архитектура, уметнички галерии и барови наменети специјално за пиво

Виена, Австрија – Најпозната опера во светот, раскошни згради и фенси десерти кои го прават овој град еден од најпопуларните за соло патувачите кои сакаат да се запознаат со некоја култура.

Лондон, Велика Британија – Културни атракции како што е Британскиот Музеј и Tate Modern.

Прага, Чешка – Готик архитектура, евтино пиво и неверојатно добар ноќен живот.

Берлин, Германија – Домот на познатите трендовски населби како Кројцберг.

Барселона, Шпанија – Нема потреба да патувате за Барселона со некој друг за да ги видите уметничките вредности и архитектурата, како што е Park Guell.

Амстардам, Холандија – Без разлика дали сакате да се шетате со велосипед или пешки, оваа дестинација е измислена за активните патувачи.

Рим, Италија – Историја, архитектура, култура, превкусна храна и добар ноќен живот.

 

За авторот

Пјер