Водич за патување

9 скриени места низ Македонија кои мoже да ги посетите овој викенд

Напишано од Mr. N

Споен викенд е пред нас, сите сме спремни за шетање.

Секако внимаваме на мерките, и не многу се буткаме по гужви. Затоа и на листава ги нема секогаш актуелните Охрид, Дојран, Маврово….

Во продолжение неколку предлог места кои може да ги посетите за време на викендов:

Смоларски и Колешиски водопад

View this post on Instagram

Смоларски и Колешински водопади, свинска пастрмајлија со кашкавал и габи, освежување на спомени од онаа екскурзија во осмо одделение и назад за #kumanovo пред да почне полициски час. Мислам дека ова е повеќе од доволно за еден ден! 🤠⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣ .⁣⁣⁣ .⁣⁣⁣ .⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣ #истражијамакедонија #македонија #фотонанеделата #фотонаденот #инстаграмџии #macedonia #bestoftheday #travellingthroughtheworld #natgeotraveller #natgeotravel #waterfall #waterfallsofinstagram #waterfallsfordays #waterfallphotography #waterfallhike #explorewithme #nomadlifestyle #nomadlife #vscobalkan #vscomacedonia #balkan

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

View this post on Instagram

Цело време си повторувам во себе да ги маркирам местата што ги имам посетено во #македонија. Де кањони, водопади, напуштени села, планински врвови и магични простори со примамливи легенди… ⁣⁣ ⁣⁣ Деновиве баш ќе споделам со вас некои интересни локации што може да ги посетите летово. И така ретко кој од нас ќе замине на патување надвор од границите. ⁣⁣ ⁣⁣ Не знам за вас, ама после сите овие гадости со кои се соочуваме немам некоја посебна желба да отпатувам во странство. Ама знам дека еден ден ќе надокнадам! ⁣⁣ ⁣⁣ Пишете и вие некоја рута и непозната дестинација за патување во Македонија. Фер плеј, нели? 🤠⁣⁣ ⁣⁣ 🗺️ #истражијамакедонија⁣⁣ ⁣⁣ .⁣⁣ .⁣⁣ .⁣⁣ ⁣⁣ #фотонаденот #фотонанеделата #инстаграмџии #waterfallsfordays #natgeotraveller #travellingthroughtheworld #bestoftheday #explorewithme #exploretocreate #nomadlifestyle #goprouniverse #goprophotography #goprophoto #vscomacedonia #exploremore #living_destinations #iamtb

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Црна Река – пределот околу Мариово и село Зовиќ

View this post on Instagram

Сè почна од #bitola. Стигнав накај пет саат, се сместив и излегов на Широк Сокак. Демек така бил редот. ⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ Вриеше од народ. Се чувствував како странец, до еден степен и сум. Сепак сум од Куманово. Го правев истото она што го правев и кога патував во странство. Дрмнав кафе, каснав трилече во една слаткарница и од телефон прочитав неколку приказни за Итар Пејо. Следниот ден одев за Мариово, па сакав малку да попримам од неговата итрина и снаодливост. Се шегувам! Ми беше досадно, па затоа ги читнав доживувањата на итроманот Пејо! ⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ Што ако тргнавме уште рано сабајле, кога во Зовиќ стигнавме во два напладне. Де застани тука, де застани да ги видиш оние камени формации. Од толкава убавина главата ме заболе. Тие нереални погледи што ги сретнав таму само ми го потврдија фактот дека времето има различен проток. Сè беше некако бавно. Попријатно. Оние зајадливи мисли што знаат да колваат како да се разретчија. Испарија. Останаа во Битола. Но, затоа носот и вратот ми се вжарија. Да ме допреше некој ќе се изгореше. ⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ Во селото Зовиќ речиси и да нема жители. Оние осамените добро би се вклопиле таму. Откако зедовме здив се упативме до филмскиот мост. Една од причините за посетата на Зовиќ беше токму посетата на камениот мост, под кој тече реката Градешка. Не е залудно именуван како филмски. Не знам дали сте биле, но стварно се чувствуваш како лик извлечен од некоја епска фантастика. ⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ За Зовиќ може многу да се зборува. Но подобро е да не должам многу. Патување во странство тешко да се реализира ова лето, Но, еве ви и една идеја. Оние што добија ваучери за домашен туризам и картичка "Купувам домашно" искористете ги во @jktravelbitola за да ја откриете #macedonia каква што не ја знаете. Посебно ако се соберете кул друштво… ⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ Нам ни се придружи и @josifov.avtomobili и си направиме одлична тура. Ајде, ги чекам вашите патешествија 🤠⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ 📸 @dinonecevski⁣⁣⁣⁣ #МакедонијаКакваШтоНеЈаЗнаеш⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ #истражијамакедонија #македонија #мариово #фотонанеделата #фотонаденот #instagraphy #iamtb #findyouradventure #adventurenthusiasts #adventure_culture #travellingthroughtheworld #living_destinations #nomadlifestyle #agameoftones #outdoortones

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Село Оморани – Ранчо и Ванчо на Ката

Долна Лешница – еден од најневеројатните предели во Шар Планина

View this post on Instagram

Долна Лешница е еден од најневеројатните предели во Шар Планина. Со право наречен срцето на Шара, Лешница изобилува со густа борова и букова шума, испресечена од Лешничка река, Кривошиска река кои се спојуваат токму во Долна Лешница. Сместена на 1450 метри надморска височина, окружена со неверојатни врвови, шуми и реки.⁠ Погледот од прекрасните ливади во Лешница го одзема здивот, кон високите карпи на Среден камен и Трета Лешничка карпа, кои се издигаат и до 2500 метри. Со лесно планинарење наблизу се наоѓаат кадите на Кривошиска река, кои го одземаат здивот со својата уникатност.⁠ Ако “домасиедома“ тогаш долината на Долна Лешница може да не направи особено горди на нашиот дом!⁠ ⁠ #домасиедома⁠ #sharoutdoors⁠ #hotelscardus⁠ #ridewithlocals

A post shared by Balkan Outdoor Adventures (@sharoutdoors) on

Водопадите на река Бабуна – патот накај Солунска Глава кај село Нежилово, има малку одење но глетката е феноменална

View this post on Instagram

ВОДОПАДИТЕ НА РЕКА БАБУНА . Природни богатства кои не оставаат без здив.. секогаш ни го привлекуваат вниманието и не тераат да се задржиме барем малку во нивна близина (ако ништо друго, барем да ја допреме водата да видиме колку е ладна😂) . За сите вас кои првпат ги гледате водопадите или сте ги виделе на инста/фб, но не знаете како да пристигнете🚶🏽‍♀️: . -Пределот се наоѓа во Централна Македонија, на планината Јакупица🌲. Треба да се упатите кон село Богомила, да го поминете преубавиот камен мост (🆘направете го тоа што побрзо, бидејќи до него градат нов и за кратко ќе има забрана да се поминува со возило по камениот) и низ самото село ќе видите знаци кои ве водат до рибникот во Нежилово (рибникот е лево⬅️, а селото десно➡️ на последната делба на патот). . Асфалтираниот пат завршува кај рибникот, но покрај него продолжува земјан пат по кој може да се движите пешки или со возило (само доколку вашето возило е подготвено за таков пат и мислите дека нема да има проблем❗). . Овој пат води горе до планинарскиот дом Чеплес, а некаде околу 30тина минути возење (отприлика 1h 30min пешачење) ќе стигнете до патоказ каде треба да навлезете низ шумата за да стигнете до локацијата која ја гледате на сликата🏞️. . Планинарската патека е маркирана🔴 и преку нејзе се стигнува до самиот извор на реката, над кој се наоѓа пештера која може да ја посетите, а подолу од нив е водопадот. За да стигнете на крајната цел би ви биле потребни 50тина минути✔️ . Иако времетраењето на движење е кратко, сепак ќе ви биде потребна опрема од типот на чевли за во природа (доколку немате, може обични за снег/дожд) и облека на долги ракави, бидејќи температурата е доста пониска🌡️. Ако не сте зиморливи како мене, може да си земете и купаќи и да се бањате во вирот, супер е за здравјето💯 (имаше храбри дечки додека бевме таму). Исто така на одредени места патеката е тесна и лизгава⚠️, па ви препорачувам да одите со некој кој е физички поспремен од вас (ако вие самите не сте) 💪🏽 . Доколку ова ви е малку и сакате уште, вратете се на земјаниот пат и право горе на Чеплес (помалку од 1 час пешки) , нема да зажалите ви ветувам💚 горе е рајот од природа

A post shared by ADVENTURE | OUTDOOR | EXPLORE (@adventure.mk) on

Кожле – Стојанов Мост на 30 км од Скопје. Најблиску што може, микс со пешачење и мала авантура

 

Кокино – 30 км од Куманово, патото за Старо Нагоричане. Можете да останете и на стемнување за прекрасното зајдисонце

View this post on Instagram

🌄 📍 Кокино 🚘 30км. од Куманово 🔖 Кокино е мегалитска опсерваторија која се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето. Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу античките опсерватории во светот. Во 2005 година, американската вселенска агенција НАСА го вклучува Кокино на картата на 15 антички опсерватории заедно со Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија, Ангкор Ват во Камбоџа, Мачу Пикчу во Перу. #travelphotography #travel #exploremacedonia #macedonia #mountains #nature #naturephotography #staysafe

A post shared by Ahava Journey (@ahava_journey) on

Мермерно Езеро на 7 км од Прилеп – само внимателно патот не за ниски автомобили, па може да пробате и пешки доколку е рано и не е топло

View this post on Instagram

🏞 📍 Мермерно езеро, Прилеп 🚘 7км од Прилеп (патот е пристапен само за теренски возила или пеш) 🔖 Мермерното езеро кое всушност е рудник за ископ на мермер, претставува пејзаж од неизмерна категорија. Мермерниот монумент се наоѓа на западната страна од планината со што при залезот на сонцето мермерот добива интензивна бела боја, а сенките од засеците и контрастите добиваат висок интензитет. Формите на парчињата мермер се совршени коцки, заради машинските засеци и тоа создава фасцинантна композиција и безброј просторни можности. Монументалноста и доминатноста создава чувство како да сте присутни на друга планета или на сцена од Star Wars. 😁 Водата има совршено смарагдна боја, а во длабочината се гледаат останаци засеци на мермер. ⛔️ Сепак ова место е затворено за посета бидејќи се врши ископ на мермер. #travelphotography #travel #exploremacedonia #macedonia #prilep #lake #marble #staysafe

A post shared by Ahava Journey (@ahava_journey) on

Вевчани – блиску до Охрид но далеку, може да одите и од страната на Дебар за да избегнете гужви

View this post on Instagram

🏞 📍Вевчани 🔖 Во Вевчани речиси сѐ е во знакот на водата. Во селото има толку многу вода што на момент ќе ве натера да помислите дека сте се нашле во некоја рурална Венеција. Вевчани се споменува како селска населба уште од крајот на 9 век, кога било развиена и економски силна. Вевчани е едно од најавтентичните села во струшкиот регион, кое се наоѓа во пазувите на планината Јабланица, на оддалеченост од 14 километри од Струга. Овој терен е поделен на Горно и Долно маало, со надморска височина што се движи од 830 до 960 метри, на површина од околу 35 km2. Вевчани изобилува со градски шмек и шарм. И до ден денес се прогласуваат себеси за „Репубика Вевчани”, со грб, знаме, пасоши, Централна банка и – пари. Валутата е крстена по заштитникот на селото Св. Спас кој селаните уште го нарекуваат Личник (убав). Банкнотите на Личникот денес можете да ги купите како – сувенир во апоени од 1, 2, 5, 10, 50, 100, 500 и 1000 Личник. Вевчани вистински ќе го доживеете кога ќе одлучите да станете дел од традиционалниот пагански карневал, кој се смета дека опстојува веќе 1400 години – Вевчанскиот карневал. Но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. #travelphotography #travel #exploremacedonia #macedonia #mountains #nature #village #naturephotography #staysafe

A post shared by Ahava Journey (@ahava_journey) on

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. N