Филмови

90-тите! Дефинитивно најдобрата филмска декада

Напишано од martin

Деведесеттите години беа една деценија на едни од најдобрите и највозбудливи блокбастери кои не беа зависни од суперхерои, што не е случај и денеска. Можеби помладите луѓе ги немаат начекано во вистински момент, но поголемиот дел дефинитивно ги имаат гледано најдобрите филмови од 90-тите години, бидејќи тие се must have за сите зависници на филмови. Но, тајната на многу од најголемите успеси во 90-тите години се вградени во некои од хитовите што ја завршија деценијата порано.

Дали се сеќавате на феноменалниот филм од 1987 година наречен Fatal Attraction? Станува збор за трилер кој бил инспирација за голем број на филмови кои следуваа потоа. Misery, The Usual Suspects и The Silence of the Lambs се само дел од филмовите кои испишаа историја.

Без разлика дали го разбирате тоа или не, 90-тите години беа монументален временски период во филмовите. Од откритијата со специјални ефекти, до почетокот на Дизни Пиксар анимација, па дури и на почетокот на класиката, ние сеуште сме опседнати со оваа ера до ден денес. Слободно можеме да кажеме дека сеуште немало таква ера на вилмови, па можеби Холивуд немаше да биде тоа што е денес, доколку не постоеа филмовите од 90-тите.

Всушност, некои од овие 90-ти класици успеале да ги направат своите патишта назад во театри, во шегите на други филмови и телевизиски емисии, па дури и на бродвејската сцена. Најдобрите филмови од деведесеттите навистина се издвојуваат меѓу останатите поради нивните незаборавни раскази, нивните ликови вредни за паметење и кариерата на актерите.

Еве неколку предлзои на филмови кои никогаш нема да изумрат:

  1. Titanic (1997)
  2. Pulp Fiction (1994)
  3. Forrest Gump (1994)
  4. Schindler’s List (1993)
  5. Jurassic Park (1993)
  6. Clueless (1995)
  7. The Matrix (1999)
  8. The Lion King (1994)
  9. The Silence of the Lambs (1991)
  10. Good Will Hunting (1997)
  11. The Shawshank Redemption (1994)
  12. Fight Club (1999)
  13. American Beauty (1999)
  14. Saving Private Ryan (1998)
  15. GoodFellas (1990)
  16. The Big Lebowski (1998)
  17. Groundhog Day (1993)
  18. Se7en (1995)
  19. The Usual Suspects (1995)
  20. Fargo (1996)

За авторот

martin