Стил

Ајде да ги срушиме табуата кога станува збор за летниот стил

Напишано од Mr. M

Во светот на модата, без разлика дали станува збор за мажи или жени, постојат голем број на предрасуди. Особено денеска кога трендовите се менуваат со брзо темпо. Сепак, не мора ако постојат предрасуди за некоја работа, дека таа не е добра.

Црната боја е само за во зима

Секако дека е подобро во летните денови да носите поведри бои, но тоа не значи дека треба да заборавите на темните. Црната боја секогаш ќе не потсетува на мистерија и елеганција, без разлика дали е лето или зима, па таа може да се комбинира одлично во летните вечерни излегувања.

Цветните дезени не се за мажите

Цветниот дезен е сосема прифатлив за машкиот моден свет, особено во последните неколку години. Освен добриот изглед, вие ќе влијаете позитивно кон другите.

Високи патики и кратки панталони

Ова табу настанало поради тоа што високите обувки биле наменети за деновите со врнежи, но тоа не е така кај патиките. Нив можете да ги носите во било кое годишно време, што значи дека може да се носат и со кратки панталони.

За авторот

Mr. M