Стил

Ако некогаш не знаете како, погледнете го само Пирс Броснан

Напишано од Mr. M

Марамите се неопходно модно парче од гардероберот на секој модерен маж. Но, и покрај тоа изгледа дека сите со несигурност го прифаќаат овој моден додаток. Ако некогаш се двоумите дали да додадете нешто во вашиот стил само погледнете го Пирс Броснан.

На премиерата на мјузиклот на Стинг, The Last Ship, Броснан покажа како најефективно да се ослободите од вратоврската. Тој се појави во триделен костум со темно сива боја и бела кошула која е доволно отворена за да ја собере марамата внатре.

Поранешниот Џејмс Бонд во последно време го доведе својот стил на повисоко ниво па така тој е модна икона не само за мажите на возраст близу неговата, како 66 годишните туку и на многу помладите генерации.

За авторот

Mr. M