Бизнис совети

Ако Вашите пријатели не зборуваат за пари, тогаш треба да најдете други

Напишано од martin

Сите барем еднаш сме слушнале дека парите се највиновни за сите лоши работи и често многу луѓе не сакаат отворено да зборуваат за парите. Во општеството во кое живееме, многу е лесно и едноставно да кажеме дека немаме пари или дека сме од средна класа, но кога имаме пари, никој од нас не кажува ништо и сите своите финансии ги прикриваат за себе.

Изгледа на богатите луѓе им е поубаво кога другите зборуваат за нивните лускузни автомобили и нивното богатсво.

Наместо да бидете навредени од оние што зборуваат за пари, треба да ги избегнувате оние кои не зборуваат за пари. И бидете внимателни кон оние кои не можат да заработат пари, кои ги трошат сите пари, или кои не можат да ги средат сметките. Вие не можете да научите нешто од оние скржавите и од оние кои не кажуваат ништо.

Не е вистина дека за да заработите пари, потребни ви се пари. Вистината е дека потребно е храброст да заработите пари. Речиси 80 проценти од сите милионери денес се милионери од прва генерација. Тие не ги наследиле своите пари или почнале со пари. Мора да бидете храбри за да се поврзете со нови клиенти, да добиете повеќе внимание и да доминирате со вашите клиенти за да не мислат на други соработници.

Правењето пари, чувањето пари, а потоа и размножувањето на пари бара посветеност, посветеност и опсесија со растот. Ако работите за некој друг, преземете одговорност за одгледување на компанијата, а не само заработување на плата. Немојте да бидете обичен гледач кога станува збор за правење пари. Бидете сигурни дека сте на теренот обидувајќи се да постигнете гол.

Парите се насекаде и нашата цел е да ги земем оние нашите. Поради ова размислување, парите доаѓаат лесно, без никаков напор и изобилно. Можеме да потрошиме многу од тоа и сеуште имаме доволно.

 

За авторот

martin