Спортски вести

Александар Стефaнов е нов член на Управниот одбор на РФМ

Напишано од The Gentleman

Управниот одбор на Ракометната федерација на Р. С. Македонија, на седницата одржана на 31 јануари, доби нов член. Во највисокото тело на Федерацијата влегува Александар Стефанов.

Актуелниот член на Управниот одбор на Фабрика Карпош и проект менаџер на населба Александрија кој е и поранешен професионален ракометар, од пред неколку години влезе во возобновување на стариот скопски ракометен клуб РК Бутел Скопје, со кој направи одлични резултати уште во првите сезони од активирањето.

„ Како поранешен ракометар и голем поддржувач на спортот и ракометот, ми претставува огромна чест и задоволство да бидам дел од највисокото тело на РФМ. Во текот на моето членство заедно со претседателот и сите останати членови ќе се залагам за унапредување на ракометот во нашата држава и заедно да придонесеме за една подобра иднина.„ – изјави Александар Стефанов член на Управниот Одбор на РФМ.

За авторот

The Gentleman