Пијалоци

Алкохол и лекови, зошто не?

Напишано од Mr. M

Ова е сезона на многу прослави. Кои се триковите за да не се опијаните брзо кога пиете алкохол? Јадете пред да пиете, движете се и одете дома со такси. Но, постои уште една работа која најчесто ја забораваме, а тоа е комбинацијата на алкохол со лекови.

Направено е истражување на тема Алкохолизам: Клинички и експериментални истражувања кое покажало дека дури 42% од луѓето кои конзумираат алкохол примаат терапија со лекови кои може да имаат интеракција со алкохол. Најчести лекови на кои алкохолот “им пречи” се лековите за покачен крвен притисок, антидепресиви, антипсихотици, апчиња за спиење, мускулни релаксанти и наркотици.

Од Американскиот Институт за Алкохолизам и Злоупотреба на алкохол велат дека секој од овие лекови во комбинација со алкохол тригерираат некој друг ефект на лекот, така на пример, алкохол со наркотични лекови против болка предизвикуваат поспаност, намалени рефлекси и намалено внимание.

Алкохолот може и да го зголеми ефектот на некои лекови како што се антикоагулантните лекови па да доведе до внатрешни крварења. Потребни се 90 минути за црниот дроб да прочисти една чаша пијалок, па така испиеното вино во 9 часот ќе влијае сепак на лековите за спиење кои се земаат во 11, велат студиите.

За авторот

Mr. M