Економија

Амазон прогласен за највреден бренд во светот

Напишано од Mr. N

Американскиот технолошки гигант Amazon ги претекна „Apple“ и „Google“ и стана највреден бренд во светот.

Вредноста на брендот Amazon се зголеми на 315 милијарди долари, според извештајот на агенцијата за истражување на глобалниот пазар Кантар.

Amazon, кој во својата гаража во 1994 година го основа Џеф Безос, го достигна врвот на листата благодарение на клучните аквизиции, врвните кориснички услуги и иновативниот бизнис-модел, се вели во соопштението на Кантар.

„Паметните аквизиции, кои доведоа до нови извори на приходи, одличното давање услуги на клиентите и способноста да остане пред своите конкуренти нудејќи разновидна група производи и услуги, му овозможија на Амазон конкурентно да го забрзува растот на вредноста на брендот“, објави Кантар.

Меѓу првите десет компании повторно доминираат американските, Apple со 309,5 милијарди долари, Google со 309 милијарди долари и Microsoft со 251 милијарда долари.

Visa има вредност од речиси 178 милијарди долари, што ја става на петтото место, додека социјалната мрежа Facebook е зад неа со речиси 159 милијарди долари.

Водечките марки прифатиле „иновативен“ бизнис модел за да ги надминат традиционалните конкуренти во секторот на технологијата, финансиите и малопродажбата.

 

За авторот

Mr. N