Кариера

Аплицирај за стипендија и стекни се со британска диплома.

Напишано од The Gentleman

За прв пат кај нас, младите и амбициозни личности ја имаат привилегијата студирајќи во Скопје да бидат дел од семејството на  престижниот британски универзитет London Metropolitan University (MET).

Предводени од мисијата на идните студенти да им помогне во стекнување на работни вештини и да произведе висококвалификуван кадар кој во иднина ќе даде свој придонес во заедницата, Скопје Мет објавува повик за доделување стипендии на студенти запишани  на додипломски и мастер студии по бизнис менаџмент во академската година 2020/21.

„Среќни сме, а и горди што ќе им понудиме можност на сите амбициозни личности да студираат по најсовремени стандарди, да го почуствуваат духот на лондонското образование и да се стекнат со врвно знаење и експертиза. Искуството и знаењето кое ќе го стекнат, ќе ги направи висококомпетативни на пазарот на труд, а британската диплома која ќе ја стекнат од додипломски и постдипломски студии на крајот од нивното студирање ќе им го олесни патот кон градењето на кариерата од соништата.“-изјави менаџментот на Скопје Мет.

Програмата за стипендии им нуди можност на идните студенти кои имаат  одличен успех во претходниот степен на образованието, задоволително познавање на англиски јазик и доволно работно искуство и мотивација за успех да се стекнат со делумна или целосна стипендија за студии на реномираниот британски универзитет Лондон Мет.

Идните студенти ќе следат настава конципирана според ригорозните стандарди на британскот одбор за стандардизација на квалитетот во образованието (QAA) и ќе учат под менторство на врвни британски професори. Крајот на студиите ќе биде крунисан со британска државна диплома која е според сите истражувања најпосакувана диплома на светот и која со сигурност гарантира професионален успех и можност за врвна кариера. И не само тоа. Да се биде алумни на Лондон Мет значи да бидеш во приватна и професионална доживотна комуникација со со сите успешни луѓе кои поминале низ истиот систем на образование и на стекнување на вештини.

Искористете ја оваа можност.

Бидете дел од првата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ. Бидете дел од успешната приказна на многу студенти ширум светот.

За повеќе информации околу условите и начинот на аплицирање посетете ја страницата https://skopjemetropolitan.edu.mk/scholarship-program-2020-21/.

За авторот

The Gentleman