Апликации

Апликацијата FaceApp руши рекорди!

Напишано од Mr. M

Апликацијата FaceApp која прави да изгледаме постари, прерасна во вистинска сензација на интернет. И оние што се Андроид и оние кои се на ИОС, може без никаков проблем да ја симнат оваа апликација.

Апликацијата е заснована на вештачка интелегенција по која целиот свет полуде, а резулатите кои што ги видовме се неверојатни.

Освен кај обичните луѓе, оваа апликација стана позната и многу кај познатите личности низ светот. Поради тоа што станува збор за бесплатна апликација, таа руши рекорди во превземња.

Од 10 јули, па се до денеска, оваа апликација ја симнале 12,7 милиони корисници низ светот. Таа прв пат се појавила во 2017 година, па од тогаш до сега е превземена повеќе од 80 милиони пати.

За авторот

Mr. M